Луксузен автомобил „Лексус“ паркиран на Широк сокак на пешачката зона пред хотелот Епинал денеска напладне ги привлече погледите на битолчани на главната шетачка улица. Автомобилот кој беше со скопски регистарски таблички не ги остави рамнодушни битолчани кои нагаѓаа дали некој скопјанец си игра мајтап во Битола, па автомобилот го оставил на Широк сокак додека пие кафе отспротива или пак можеби е подарок за наградна игра. Како и да е едно е сигурно која и да е причината што сопственикот го оставил автомобилот на пешачка зона претерал, а што е уште посимптоматично и сообраќајната полиција која беше во близина не реагираше на ситуацијата.
Поврзани објави
Видео: Политиката наркотиците и алкохолот
Едно ретро видео да не потсети дека не е прв пат македонските пратеници да се во клинќ околу…
Претседателот Бајден што би рекле битолчани СЕ ОТЕПА ПО СКАЛИ
Официјално лице од Белата Куќа се огласи по поводот незгодата на претседателот на САД Џо Бајден при качувањето…
Михајловиќ во посебна изолација поради коронавирусот
Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ ставен е во посебна изолација поради коронавирусот. Српскиот стратег со месеци наназад води…
Дупла ограда пред Собрание
За прв пат откако се протестира во Македонија пред Собранието на државата полицијата постави дупла ограда. Едната е…