Циста тешка 90 килограми извадена од 45-годишна жена

90 килограми циста е извадена од стомакот на 45 годишна жена на Клиниката за гинекологија и акушерство. Жената дошла во тешка здравствена состојба.

Сторијата ја пренесе КАНАЛ 5 телевизија.

Според ковид протоколите жената била тестирана за корона вирус и била негативна. Тимот на медицински персонал со гинекологот Игор Алуловски и голем тим на анестезиолози операцијата ја правеле скоро пет часа.

Големината на цистата е досега најголема извадена од човек во Македонија, но и во Европа. Цистата почнала да расте од матката и се проширила низ целиот стомак, предизвикала и труење на крвта, а големината направила притисок врз ребрата и срцето. Пациентката се уште е во шок соба.

Според кажувањата на семејството жената скоро три години ги имала овие проблеми, но била исплашена и не сакала да оди на доктор.

Total
0
Shares
Поврзани објави