Црн ден во Скопје, вчера загина и две годишно девојче

Двегодишно девојоче почина во Градската болница „Св. Наум Охридски“ поради повреди со кои се здобило откако во него удрил автомобил.

Несреќата се случила во скопската населба Аеродром, во близина на железничката станица.

Според полицискиот билтен:

Во Билтенот на МВР е наведено дека на 14.05.2019 година во 14.45 часот на паркинг простор на ул.“23-ти Октомври“ во Скопје, патничко возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(35) од Скопје, удрило во двегодишно девојче од Скопје.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски каде му била укажана лекарска помош.

Во 15.20 часот детето им подлегнало на повредите.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави