Црвенковска нов претседател на Судскиот совет, ќе работи на интегритетот на правосудството

Судскиот совет на денешната седница со 12 гласа од толку присутни членови ја избра Павлина Црвенковска за нов претседател. Црвенковска им порача на судиите да продолжат да работат одговорно, професионално и чесно, притоа да бидат ослободени од секакви притисоци, надворешни влијанија и без страв да судат согласно законските прописи.

„Ги охрабрувам судиите кој што и досега си ја вршеа својата работа совесно и чесно, и да знаат дека секогаш во мене имаат сојузник во одбрана на нивниот професионален интегритет. Судскиот совет е тука и јас лично да ги унапредуваме, наградуваме и заштитуваме судиите кој што се професионални и одговорни. Исто така Судскиот совет е тука да ги разрешува сите судии кој што во својата работа ќе покажат дека непрофесионално, нестручно си ја извршувале својата работа“, изјави Црвенковска.

На граѓаните таа им порача дека ќе стори се да го подигне интегритетот на правосудниот систем и барем за еден степен да ја подигне довербата на граѓаните во правосудството.

„Време е да покажеме дека овој правосуден систем и со овој Судски совет можат да направат многу, и дека има знаење и капацитет во правосудството“, рече Црвенковска.

Како претседател на Судскиот совет, Црвенковска рече ќе направи се да се исклучи какво било политичко влијание и бизнис влијание, врз кој било член на Судскиот совет и да се заштити интегритетот.

Total
0
Shares
Поврзани објави