„Да создадеме свет без граници“, кампања за поддршка на децата со посебни потреби

Почна кампања за подигање на јавната свест за децата со посебни потреби и нивните семејства под мотото „Да создадеме свет без граници“, со која треба да се сврти вниманието на јавоста, особено на политичките партии за потешкотиите и проблемите со кои живеат.

Кампањата ја покрена гостиварката Маргарита Милошеска, со поддршка од неколку здруженија кои работат во оваа област. Милошеска е мајка на дете со посебни потреби и вели дека на овој начин сакаат да ја обезбедат потребната подрдршка за им се олесни секојдневниот живот на децата.

https://www.facebook.com/margarita.miloseska/videos/10222987167533452/

Ги повикувам повикувам претседателите на сите политички партии на осми јули пет минути пред пладне во паркот Жена Борец пред Собранието да стават потпис на нашата иницијатива за исплнување на нашите барања. Не ни требаат празни ветувања, туку да се заложат за решавање на нашите проблеми, вели Милошеска и додава дека деновиве ќе испратат и покани до партиите.

Значително зголемување на посебниот додаток, намалување на старосната граница за пензионирање на родителите на деца со посебни потреби, ослеснување на начинот на остварување на одредени права се дел од барањата.

Total
0
Shares
Поврзани објави