Дали групата која ги запали колите на Тушева, се обиде да ја киднапира ќерката на Костов?

Дедото на пратеникот на СДСМ од Кочани Сашко Костов успеал да ја спаси внуката од киднапирање во последен момент. Додека девојчето се враќало од училиште. Настанот се случил во средата а полицијата засега официјално нема ништо соопштено. Неофицијално постојат сомнежи дека ова е истата група луѓе кои напаѓа по пратенци или блиски луѓе на партијата поради разни причини. Истокот дека врие е показатаел огромниот број пред се запалени автомобили на локални и високи партиски функционери. Последниот наад кој предизвика големо внимание и многу шпекулации беше палењето на автомобилите на братот и таткото на ekc-пратеничката Маринела Тушева од Штип, исто така од редовите на СДСМ. Овој напад се уште не е расчистен. Според неофицијални извори информациите водат во насока кон тоа дека ова се пресметки со луѓе кои не добиле заштита од кривичен прогон или други ветувања дадени пред изборите од членовите на партијата. Но засега се се тоа шпекулации кои полицијата треба да ги потврди или демантира иако подолго молчи.

Сепак последниот напад со обид за киднапирање малолетно девојче е најопасниот кој се случи , а одговор кои се напаѓачите два дена нема. Настанот се случил на пладне на крстосница и тоа во близина на домот на пратеникот. Се знае дека автомобилот со кој дошле киднаперите е син и со странски регистарски таблички. И го пресекле патот на малолетната ќерка на пратеникот и преку отворен прозорец и рекле да влезе во возилото. Но дедото видел и викнал по внуката , па така ја спасил оти насилниците избегале.

(Р.Д.)

Total
0
Shares
Поврзани објави