Дали ќе се исполнат партиските заложби за судски реформи?

Колку помпезните најави за расчистување на „сметот“ во правосудството ќе се остварат со новата влада или ќе избледат како и во минатите изборни ветувања?

Прочистување во редовите на судиите и обвинителите е потребно, но мора да го спроведат постоечките институции со поголема кадровска и финансиска помош од идната влада, порачуваат експертите. 

Државната комисија за спречување корупција веќе отвори седумдесетина предмети за луѓе на позиции во судството, но со месеци нема завршен предмет. Тешко оди собирањето на податоци од 17 институции, по писмен пат, велат од таму за ТВ24. Поранешниот антикорупционер, Драган Малиновски вели антикорупциска и Судскиот совет ги имаат клучните улоги во овој процес на проверки. 

– Пример антикорупциска …требаше да биде направен некој софтвер или техничко решение, но таа работа се изјалови и они се во позиција да го прават во поотежнати околности проверка на судските одлуки- се спомна по случаен избор и сл…квалитетот на судските одлуки е задача на судски совет и на дневна основа да се врши. – вели Малиновски.

Реформи во правосудството беа во програмите на сите политички партии. Лидерот на СДСМ Зоран Заев кој се најави како иден премиер, порача дека уште првите 100 дена меѓународна и домашна експертска комисија која ќе го спроведе т.н прочистување. Задачата ќе биде проверка на застарените предмети, најави Заев. Реформи во правосудството најави и Христијан Мицкоски. А ДУИ ветуваше промени во начинот на функционирање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители како и прочистување меѓу редовите на судиите и обвинителите. Според Малиновски најефикасно решение не се формирањето на нови тела и институции. 

– Да не се трага кон специјални решенија и ад ход комисии. Доволно е институциите да си ја завршат работата. – вели Малиновски.

Total
0
Shares
Поврзани објави