Дали по изборите во Србија ќе се врати полицискиот час?

Србија утре гласа на парламентарни избори, во време кога во земјата се повеќе расте бројот на заболени од ковид-19.

Според дел од тамошните медиуми, надлежните размислуваат за враќање на полицискиот час во земјата веднаш по одржувањето на изборите.

Имунологот Срѓа Јанковиќ изјавил дека повторното воведување на полициски час е екстремно и малку веројатно.

Сепак, посочил дека некои селективни мерки и одредени обврски кои би биле спроведени законски, не ги исклучуваат.

Во Србија веќе две недели се зголемува бројот на активни случаи на заразени со вирусот.

Total
0
Shares
Поврзани објави