Дали ти си Моника? Да, јас сум – немојте да ме тепате – сведоштво на полицаецот кој прв го виде исчезнатото девојче

Златко Нововиќ е инспекторот кој прв бил во контакт со малата Моника по нејзиното исчезнување. Играта на судбината била токму тој да го прими и повикот за нејзиното исчезнување и да и даде на мајката ветување дека ќе и ја врати ќерката дома.

Тој открива детали од нивната прва средба:

Собата лево од влезот беше затемнета, внимателно велгов и видов девојче како седи на креветот…Беше мирна , не мрдаше….Ја прашав “Дали си ти Моника” , таа ми одговори “Да јас сум немојте да ме тепате”…потоа и реков “Дали мајкати се вика Александра?” кога таа отврди и објаснив дека сум полицаец да не се плаши и ја чував додека не дојде медицинска помош.

После 10 дена интензивна потрага по 12- годишната Моника,таа е пронајдена во напуштена викендица.

-Жив нема да им паднам во раце, рекол Нинослав пред да ја пушти Моника и да побегне.

Ова Момика им го кажала на полицајците, а според нејзините зборови Нинослав со себе земал и огромен нож.

Пред 10 дена Моника исчезнала а полицијата започна интензивна потрага.

Откако српската полиција објави најнова фотографија од т.н. Малчански бербер, псевдоним под кој е познат педофилот Нинослав Јовановиќ, осомничен за киднапирање на 12-годишното девојче Моника Каримановиќ, пристигнале повеќе дојави од луѓе кои тврдат дека го виделе злосторникот.

Како што пишува „Новости“, таксист од Ниш го раскажал во полиција неговото искуство со Јовановиќ. Се повеќе станува јасно дека Нинослав Јовановиќ не случајно ја избрал 12-годишната Моника, туку долго време ја набљудувал и демнел, чекајќи погоден момент да ја киднапира.

– Кога беше објавена најновата фотографија од овој монструм, таксист го препозна. Вели дека пред еден месец го довел тука во нашата населба, а тој не сакал да му плати. Се расправал со него, но кога видел дека нема како да наплати, кренал раце и си заминал – го прераскажала настанот жителка на Суводол во Србија.

Во близина на оваа населба, Јовановиќ ја силувал својата прва жртва во 1996 година, во викендица на неговиот братучед.

Инцидентот со таксистот се случил на 14 декември, а Моника беше киднапирана, шест дена подоцна на 20 декември.

Според српски „Блиц“, кој се повикува на извори блиски до истрагата, во близина на една од куќите каде е утврдено дека изминатите денови престојувал киднаперот на Моника Каримановиќ, откриени се нови траги.

Според овие извештаи, пронајдени се женски црни гаќички и детска маица за кои има сомнение дека педофилот ги купил за девојчето, а му испаднале за време на бегството.

Српската армија и Безбедносно-информативната агенција (БИА) се приклучија во потрагата по девојчето.

Total
0
Shares
Поврзани објави