Дамјан Манчевски во самоизолација – позитивни на Ковид- 19 се неговиот заменик и возачот

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски на својот Фејсбук профил соопшти дека ќе оди во самоизолација.

-Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред. Во исто време, откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на Ковид- 19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација. Чувајте се и бидете здрави, напиша тој на фејсбук.

Total
0
Shares
Поврзани објави