Данаиловски: Не е време да се отворат училиштата

Епидемиологот предупредува дека со доаѓањето на есента ќе настапи периодот на настинки и на сезонски грип и тогаш ќе ни се струпаат три вируса кои наликуваат еден на друг, според клиничката слика.

Не е време да се отворат училиштатаа, не треба да се носат избрзани решенија, август е пред нас, мора да се причека со одлуката и да се најде најразумниот компромис, вели епидемиологот, професор Драган Данаиловски за телевизијата Канал 5.

– Не се согласувам часот да трае 20 минути, можеби е најдобро германското решение. Тоа значи учениците да бидат со маски на часовите, а нивниот број во класот да се преполови и да се држат отворени прозорци. Најважно е да постои циркулација на воздухот, односно од една страна на училницата да е отворен прозорецот, а од другата страна да дува вентилатор, за да се разреди воздухот – вели Данаиловски.

Тој предупредува дека со доаѓањето на есента ќе настапи периодот на настинки и на сезонскиот грип и тогаш ќе ни се струпаат три вируса кои наликуваат еден на друг, според клиничката слика.

– Тогаш ќе биде тешко да се разграничи што е ковид-19, а што е грип. Најдобро е да се тестира секој со респираторни симптоми, но за тоа немаме капацитет. Затоа треба во овие два-три месеци поенергично да го решиме ковид-19. На граѓаните би им препорачал што помасовно да се вакцинираат против сезонски грип, за барем малку да се намали хаосот и немирот што ќе настане во јавноста – порачува професор Данаиловски. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави