Дебар повторно жариште на коронавирусот

Драстично се смени состојбата со ширењето на коронавирусот во Дебар, градот кој беше под карантин, откако на 13 март беше ставен во целосна изолација поради тоа што беше прво жариште на вирусот.

Таму долго време немаше нови заболени. Но, во последниве 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19, а вкупниот број на заболени од коронавирусот во општината е 29.

Вирусот во Дебар се рашири откако двајца заразени сопружници се вратија во земјава, од европското жариште на вирусот – Италија.

По нив, се заразија и други 49 лица, а четворица ја загубија битката со болеста.
Претходно, 17 матични лекари го завршија скринингот за имунитет на населението во општината, беше констатирано дека ситуацијата е под контрола, а последниот случај на заболен беше внесен во списокот на оздравени кон почетокот на мај годинава.

Total
0
Shares
Поврзани објави