Дедо Јосиф не сака да си оди од изгорениот дом потребна е помош

Штотуку се вративме од село Кучкарово, Кумановско. Таму бевме да го посетиме дедо ЈОСИФ ЗАФИРОВСКИ и неговиот 50 годишен син, на кои вчера им изгоре домот. Глетката која што ја затекнавме беше трогателна: 80 годишниот дедо Јосиф легнат на вреќа наполнета со сено, со тажен поглед го гледа својот дом од кој сеуште излегува дим. Со насолзени очи и растреперена рака се поздрави со нас, извинувајќи се што не може да нѝ понуди да седнеме… Разговарајќи со него, дознаваме дека тој се родил во домот кој, додека бевме таму, се распаѓаше.
Неговиот син, кој моментално се наоѓа кај својот брат, има психички проблеми. Дедо Јосиф не сака да ја напушти куќата во која се родил и затоа спие под отворено небо.

https://www.facebook.com/oli1232003/videos/2474112565943388/


Веднаш почнавме да се јавуваме кај наши поддржувачи и ги замолуваме да нѝ помогнат да му изградиме нов дом на дедо Јосиф. И тие веднаш се согласуваат! Братот Ивица ќе донира 1300 блокови, 1 кубик даски, 20 вреќи цемент, 40 вреќи усјемал и летви. Братот Viktorуште утре наутро ќе испрати 20 вреќи цемент. Братот Brane Mitreskiдонира 12 греди, колку што ќе донира и Brane Ilieski. Генипром ќе донира 11 вреќи усјемал. Но сеуште сме далеку од целта: изградба на нов дом на дедо Јосиф…
Ни фалат уште 16 греди 8х10, ребраста арматура 10 мм-30 парчиња, мазна арматура 6мм – 50 парчиња…
Ве замолуваме да земете учество сите, кој колку може и што може, да му помогнеме на дедо Јосиф да ја помине староста во свој дом, а не под отворено небо.
Нашата сила е во нашето заедништво!!! Да покажеме и докажеме дека сме ЛУЃЕ!!!
Бог да ве благослови!!!

извор : Хуманитарна организација Св. Спас

Total
0
Shares
Поврзани објави