Дедо со секира сакал да ја убие 84- годишната сопруга, по што се фрлил во река и се удавил

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец, каде што беше пронајдена жена на возраст од 84 години со тешки телесни повреди.

Според првичните сознанија, повредите ги направил нејзиниот 73-годишен сопруг, користејќи секира и други опасни орудија.

По извршеното дело, тој заминал од куќата и фрлајќи се во водите на Црна Река си го одзел животот.

Според првичните сознанија на обвинителството, сега починатиот со години се грижел за сопругата која била со многу нарушено здравје. Во изминативе неколку недели се влошила и здравствената состојба на сега починатиот, по што тој посегнал по животот на оштетената, но и по сопствениот.

Жената е во животно загрозувачка состојба и се наоѓа на скопските клиники на натамошно лекување.

Total
0
Shares
Поврзани објави