Дедото на Тамара една година во притвор, ЈО стравува да не побегни

Љупчо Стојановски , дедото на Тамара девојчето кое почина поради лоша грижа на здраствениот систем, човекот кој пукаше во поранешниот министер за здраство Никола Тодоров, една година е во притвор. Нему притворот му се продолжува по два основи и тоа дека постои опасност да го доврши делото или да побегне. Обвинителството не се согласува, а и судот не дозволува ниту куќен притвор. Стојановски нема свој имот и нема што да понуди како гаранција за да судот има можност да ја употреби и да му го замени притворот.
Решенијата на судот се идентични,а иако товарот на докажување дека ке се даде во бегство или дека ќе го доврши делото се на обвинителството, во нивните предлози нема докази или факти за овие два основи. Во документацијата се наведени само одребите од законот.
Утре треба да продолжи судкиот процес против него, а тој најверојатно ќе остане сам во судница оти неговата ќерка мајката на починатата Тамара е преселена и работи во странство.
Основното јавно обвинителство Скопје го години за убиство однсно обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Екс министерот за здравство, Никола Тодоров пред настан за примопредавање на функцијата во министерството беше нападнат од дедото на малата Тамара Димовска од Велес и кон него биле испукани два куршуми од гасен пиштол, но поранешниот министер не беше повреден. Напаѓачот кој не се обиде да бега Стојановски беше приведен на самото место на настанот.

фото: Фокус

Total
0
Shares
Поврзани објави