Дел од бомбите на Ел Чека ги има и СЈО !

Дел од бомбите на корисникот на фејсбук со прекар – Ел Чека се дел од оние што ги поседува СЈО, дознава Алсат. Од ова обвинителство засега немаат објаснување за тоа како лицето кое ги објавува ги добило прислушуваните материјали.

Ел Чека предупреди дека ќе продолжи со објавување на нови „бомби“, најавувајќи дека ќе има уште „пострашни“, ако не се спроведе меѓународна истрага за настаните во Диво насеље, како што ветуваше ДУИ. Toj тврди дека нелегално прислушуваните материјали ги има добиено токму од т.н. Кумановска група, чии членови се осудени за настаните во Диво насеље, а сега се во затвор.

Во една од своите објави на фејсбук Ел Чека пишува дека во консултација со адвокат ќе ги објави сите материјали коишто ги поседува и оти потоа фајловите ќе ги испрати до ЦИА и до амбасадата на САД во Скопје.

 

Total
0
Shares
Поврзани објави