Денеска е Голема Богородица – заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството, на рударите

Во Макеоднонија се празнува Голема Богородица и денот на рударите. Православните христијани од изутрина се причестуваат по Богородичните пости. Празнувањето на успението на Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата. Пресвета Богородица била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет.
Празникот народски попознат како Голема Богородица е денот кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството.
На овој голем празник со силата на свето име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов и благодет кои ќе донесат мир во нашите семејства и во целиот свет , е пораката која свештениците ја испраќаат од храмовите.
Овој ден е и многи голем ден и празник на рударите. Богородица е нивна заштитничка. Рударите во државата денеска во своите домови и рудници ја слават својата заштитничка Голема Богородица, а на 31 август ќе се одржи централната прослава во организација на Министерството за економија во Скопје, каде ќе бидат наградени најдобрите рудари од македонските рудници. Во рударскиот сектор во земјава работат над 12.500 работници

Total
0
Shares
Поврзани објави