Денеска се одлучува за дневениот престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата.

Директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, истакна дека на состанокот ќе бидат разгледани ставовите на Министерството за здравство, министерот Венко Филипче, како и членовите на Комисијата. Тој посочи дека конечната одлука, сепак, зависи од епидемиолошката слика и од условите и критериумите, кои треба да се исполнат за воведување на целодневна настава.

Toj не ја исклучи можноста за затворање на градинките доколку дојде до влошување на состојбата со коронавирусот.

„Да, можно е повторно затворање на градинките“, рече Исјановски.

Со одлука на Владата, од оваа среда сите родители кои досега беа ослободени со мерките поради коронавирусот, како и хронично болните се враќаат на своите работни места.

Total
0
Shares
Поврзани објави