ВМРО-ДПМНЕ повика на протест против загадениот воздух

ВМРО-ДПМНЕ денеска повика на протести во поголемите градови во земјата поради загадениот воздух. Протестот во Скопје ќе почне во 19 часот пред Владата.

„Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност“, смета опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ ја повика власта поради загадениот воздух да ги ослободи од работа бремените жени и хронично болните во приватен и во државен сектор.

„Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Total
0
Shares
Поврзани објави