Десет гуми како отпремнина од „Goodyear“ во Венецуела

Работниците на компанијата „goodyear“ во Венецуела ќе добијат десет автомобилски гуми како дел од отпремнината бидејќи американската компанија го прекина бизнисот во оваа земја.

На црниот пазар во земја каде што има хроничен недостиг на стоки од сите видови, особено се барани квалитетни пневматици.

Многу странски компании се повлекоа од Венецуела поради економската криза и американските санкции.

Претседателот Николас Мадуро ги обвини своите противници и САД дека водат „економска војна” против неговата администрација, потсетува Би-би-си.

„Goodyear” објави дека „донел тешка одлука да го запре производството на гуми” во Венецуела.

Total
0
Shares
Поврзани објави