Детали : Како се заканувал адвокатот Арслани на обвинителот на СЈО Бубевски

Денеска Специјалното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против адвокатот Мефаиљ Арслани за загрозување на сигурноста на обвинителот Гаврил Бубевски. Дека адвокатот се заканувал на обвинителот се потврди на последниот судски процес кога во судница се откри дека имало закани кои и ги потврди и обвинителката Фатиме Фетаи која е предложена како сведок.

Во продолжение кривичната пријава во целост:

  • На 10-ти ноември 2018 година на паркинг просторот пред Трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, пријавениот Мефаиљ Арслани кој е бранител на обвинетиот Ејуп Аљими во судскиот предмет кој се води пред Основен суд Скопје I Скопје под V К.бр.1905/17, ја загрозил сигурноста на оштетениот Гаврил Бубевски, службено лице – Јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство, кој во вршење на службата постапува како обвинител во наведениот предмет, со сериозна закана дека ќе нападне врз неговиот живот и тело и животите и телата на лицата од неговото семејство, на начин што во моментот додека сведокот Артене Исеини го управувала сопственото патничко моторно возило во кое совозач бил сведокот Фатиме Фетаи и се обидувале да пронајдат празно паркинг место пред ТЦ „Мавровка“ го здогледале пријавениот Мефаиљ, по што сведокот Артене Исеини го отворила прозорот од кај возачката страна за да го поздрават и само што сведоците му рекле „добар ден Мефо, што правиш, како си“, истиот, агресивно, на висок тон, со сериозност во гласот им се обратил со зборовите „абе, евее, не знаеме што да ѝ правиме на оваа пошто е наша“, покажувајќи со рака кон сведокот Фатиме Фетаи, „а на тој каурот матер ќе му расплачеме, фамилија ќе му ебеме“, закани кои биле насочени кон оштетениот – Гаврил Бубевски, како обвинител кој заедно со јавниот обвинител – сведокот Фатиме Фетаи постапува во предметот против обвинетиот Ејуп Аљими, чиј бранител во постапката е пријавениот Мефаиљ Арслани.

О б р а з л о ж е н и е

 Пријавениот Мефаиљ Арслани е бранител на обвинетиот Ејуп Аљими во судскиот предмет кој се води пред Основен суд Скопје I Скопје под V К.бр.1905/17. Оштетениот Гаврил Бубевски е службено лице – Јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство кој во вршење на службата постапува како обвинител во наведениот предмет против обвинетиот Ејуп Аљими и др. Сведокот Фатиме Фетаи како Јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство заедно со оштетениот Гаврил Бубевски постапува како обвинител во наведениот предмет против Ејуп Аљими.

Доказ: Записник од главна расправа во предметот V К.бр.1905/17 од 30.10.2018 година

Настанот е случен на 10-ти ноември 2018 година на паркинг просторот пред Трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Имено, додека сведокот Артене Исеини го управувала сопственото патничко моторно возило во кое совозач бил сведокот Фатиме Фетаи и се обидувале да пронајдат празно паркинг место пред ТЦ „Мавровка“ го здогледале пријавениот Мефаиљ, по што сведокот Артене Исеини го отворила прозорот од кај возачката страна за да го поздрават. Истите му се обратиле на пријавениот со зборовите „добар ден Мефо, што правиш, како си“. Меѓутоа, пријавениот, без никаква причина, агресивно, на висок тон, со сериозност во гласот им се обратил со зборовите „абе, евее, не знаеме што да ѝ правиме на оваа пошто е наша“, покажувајќи со рака кон сведокот Фатиме Фетаи, „а на тој каурот матер ќе му расплачеме, фамилија ќе му ебеме“, закани кои според исказот на сведоците и според логична интерпретација биле насочени кон оштетениот – Гаврил Бубевски како обвинител, кој заедно со јавниот обвинител – сведокот Фатиме Фетаи постапува во предметот против обвинетиот Ејуп Аљими, чиј бранител во постапката е пријавениот Мефаиљ Арслани.

Доказ: Изјави на сведоци: Фатиме Фетаи и Артене Исеини

Со ова пријавениот ја загрозил сигурноста на оштетениот Гаврил Бубевски, имајќи ја предвид сериозноста на тонот, обликот на заканите и уверливоста која ја презентирал пријавениот во врска со реализацијата на заканите, што произлегува од изјавите на сведоците.

Во прилог на наведените факти приложувам и неколку искази на сведоци дадени во постапката пред Специјалниот јавен обвинител, која ѝ претходеше на судската постапка К.бр.1905/17, од кои може да се види дека се плашат за нивниот животен и телесен интегритет од луѓето против кои се води постапката V К.бр.1905/17, за што при поднесување на обвинителниот акт беше побарана и мерка притвор против Ејуп Аљими, по тој основ. Ова е уште еден доказ за личноста на Ејуп Аљими и сериозноста на намерите на пријавениот како негов бранител, имајќи предвид дека заканите се кажани во множина и укажува на инволвираност и на Ејуп Аљими.

Очигледно е дека мотивацијата за овие закани искажани од пријавениот Мефаиљ, со таа количина на омраза кон оштетениот Гаврил Бубевски и сериозност на кажаното произлегува токму од фактот што против Ејуп Аљими се води кривична постапка, по потврден обвинителен акт од страна на судот по споменатото обвинение. Во тој предмет еден од обвинителите е оштетениот Гаврил Бубевски, и основано се очекува задоволување на правдата за стореното од страна на Ејуп Аљими, иако според негово поведение, истиот се однесува како недопирлив за правдата. Впрочем, од досегашното однесување на правосудниот систем не му е без основа таквото однесување, и затоа е целокупната омраза кон „нашата“, на која ѝ простиле заради таа припадност и на „каурот“, на кого треба да му плаче фамилијата. Од зборот „каур“, а во контекст на сето ова, јасно се влече заклучокот спрема кого се насочени заканите и поголема аргументација се чини е непотребна.

Впрочем и насилниот начин на одземањето на записниците од изборите и гласањето, од сведокот Р.Б. кое го опишувааат сведоците дека е извршено од обвинетиот Ејуп Аљими во наведениот предмет, доволно говори за неговата личност, и сведокот Р.Б. во својот исказ наведува дека е исплашена да сведочи пред обвинетите, бидејќи е исплашена и за својата безбедност и за безбедноста на својот татко. Истото го потврдува и сведокот Ќ.Т. и пред јавниот обвинител и на записник за главна расправа од 14.12.2018 година. Од ова очигледно е дека луѓето кои го познаваат Ејуп Аљими се плашат од него, што укажува на исполнување на сето неправо кое го бара кривичното дело – Загрозување на сигурноста.

Доказ: Искази на сведоците Р.Б. и Ќ.Т.

Сепак во овој момент при поднесување на пријавата нема доволна аргументација дека со пријавениот Мефаил во извршување на делото учествувал и Ејуп Аљими, како поттикнувач или како директен извршител, во ситуација кога неговиот бранител би бил само пренесувач на заканите, меѓутоа доколку јавниот обвинител во постапката по прибавување на целокупниот доказен материјал оцени дека во вршењето на кривичното дело своја улога имал и Ејуп Аљими, се приклучувам кон кривичен прогон против истиот.

Во тој контекст предлагам да се прибават листинзи од телефонските оператотори од контактите на пријавениот со лица и листинзи за негова интернет комуникација.

соопштение СЈО

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Роднини на починати пациенти го пречекаа Жан Митрев пред судот со транспаренти: „Мојот Никола не е статистички број, барам правда“:

Членови на семејствата кои се лекувале во клиниката „Жан Митрев“ денеска со транспаренти го пречекаа кардиохирургот за кого…