Дете на 12 годишна возраст тешко повредено откако удрило со велосипед во ѕид

Дванаесет годишно дете се бори за живот, откако вчера попладне удрило со велосипед во ѕид. Поради неговата здравствен состојба итно е префлено на Клиниките во Скопје.  

„На 25-ти мај  околу 18,45 часот во Велес на крстосница од улиците Богдан Каракостев и Ѓорѓи Димитров случена е сообраќајна незгода во која велосипед управуван од дете на возраст од 12 години удира во потпорен ѕид од куќа – информираше Димитар Каракулев, портпарол на СВР Велес.

Прва на терен  дошла екипа на Итната помош.

Примен повик за повредено дете, екипата констатиралa  отворена повреда нa глава, згрижено е и во  без сознание префрлено во Болница – кажа д-р Василка Пановска, началник нa Итната помош. 

Поради сериозноста на повредите детето е пренесено ЈЗУ Општа болница Велес, а потоа во клинички центар -Скопје.

Околу 19ч.  на хирургија е примено дете. Неговата здравствена состојба е сериозна, донесено е во неконтактибилна состојба, интубирано е. Има тешки повреди на глава и итно  префрлано на КАРИЛ во Скопје“ -кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Увид на лице место по овластување на Јавен обвинител извршила екипа на СВР Велес.

Total
0
Shares
Поврзани објави