Детска порнографија пронајдена во телефонот на велешанец осомничен за случајот Јавна соба

Во телефонот на велешанец осомничен во случајот „Јавна соба“ биле откриени видеа од детска порнографија. Поради ова велешкото обвинтелство отвори предмет за кривично дело за злоупотреба на малолетник за да се изрботат аудиовизуелни слики со порнографска содржина, информира Телма.

За слично дело постапуваат и други обвинителства низ земјава. Како што информира Телма во Битола на вештачење се дадени ЦД и мобилен телефон на осомничен. И во Прилеп се одземени два телефони и во тек е изработка на вештачење, додека во Кавадарци се постапува но од Обвинителството не откриваат детали. 

Обвинителството се уште не добило одговор од социјалната мрежа Телеграм за да го дознае точниот идентитет на инволвираните во групата. И покрај барањето испратено до Меѓународниот провајдер податоци за корисничките профили на креаторите, администраторите и членовите на групата не се стигнати. Во завршна фаза е пак истрагата за случајот Јавна соба 1. Двајца се под истрага за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија  и тоа основачот и модераторот на групата при што се соочуваат со казна затвор од најмалку пет години. Повикани се на распит во обвинителството па ќе следи и увид во доказите и поднесување на обвинението.

Денеска преку протестен марш за женските права, жените побараа кривична одговорност за „Јавна соба“.

Надлежните институции, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство конечно да почнат да работат и да ја заработат платата, побараа денеска жените на маршот „Држава што не постапува е држава што силува“.

Total
0
Shares
Поврзани објави