Девојче паднало од балкон

Тринаесетгодишно девојче со повреди здобиени од пад, вчеравечер било пренесено во гостиварската болница.

Според информациите од полицијата, околу 22 часот и 15 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека половина час пред тоа од балкон на вториот кат од куќа во гостиварска Долна Бањица паднало 13-годишно девојче. Девојчето се здобило со повреди на телото и било пренесено во гостиварската Oпшта болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на расчистување на случајот

Total
0
Shares
Поврзани објави