Девојка од Косово вмешана во случајот со грабнувањето на малата Медeлин

Девојка од Косово се сомничи дека е вмешана во случајот со киднапирањето на тригодишното британско девојче Медeлин Мекејн. Според весникот „Дејли мејл“ полицијата ја бара косовската девојка за која постои сомнение дека била со киднаперот на Медлин која во 2007 година исчезна во Португалија.

Според информациите на весникот, девојката била во куќата заедно со киднаперот кога Медeлин Мекејн, која во тоа место била на одмор со своите родители, исчезна од хотелот.

Малата Медeлин Мекејн исчезна на 3 мај 2007 година, додека нејзините родители биле во блискиот бар.

Германскиот обвинител од Брауншвајг, Ханс Кристијан Волтерс вчера соошти дека претпоставува дека девојчето е мртво.

Тој објасни дека 43-годишен германски државјанин се истражува под сомнение за убиство, јави Си-Ен-Ен. Осомничениот, кој во германските медиуми бил посочен како Кристијан Б, во моментов издржува казна затвор.

Се верува дека тој бил во областа каде што последен пат била видена Медeлин за време на нејзиниот летен одмор во Португалија. Меѓу 1995 и 2007 година тој живеел во Алварге, каде ограбувал хотели и продавал дрога, соопшти германската полиција.

Полицијата, исто така, соопшти дека тој повеќе пати бил осуден за сексуални злосторства врз девојчиња и дека сега е на издржување долгогодишна затворска казна.

Total
0
Shares
Поврзани објави