Судијата што ја даде наредбата за претрес кај Коста Крпач и во УБК, на распит за “Рекет”

Судијата Весна Димишкова утринава е повикана во обвинителството на распит за случајот Рекет.

Непознато е дали е во својство на сведок или лице кое може да даде одредени информации што значи дека може да биде и осомничена.

Димишкова, според неофицијалните информации, е на распит зашто ја пријавил осомничениот во „Империја“ Орце Камчев дека и таа била во шемата со експецијалната обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13 кои го рекетирале за разни поволности во истрагата против него.

Димишкова беше во тесна врска со СЈО и ги даваше наредбите за претрес кај Коста Крпач и УБК како и ги координираше активностите во истрага за специјалното јавно обвинителство.

Пред неколку дена со потерница се бараат и дел од главните насилници обвинети и осудени во случајот Детонатор за кој Димишкова водеше постапка бидејки и се заканија дека главата ке и лета ко на гулаб. Таа , иако негираше со месеци е со полициска придружба.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави