Директорот на ЦЈЗ најавува повторно воведување полициcки час

Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Александар Стојанов, вели дека постојат размислување за пoвторно воведување на рестриктивни мерки.

Зборувајќи за за телевизија „Телма“ Стојанов, објасни дека размислувањата за евентуални рестрикции наесен поради епидемијата од корон авирус, се должат на стравот дека мерките за заштита нема да се почитуваат во затворените простории.

Постојат сите услови за да се влоши состојбата. Во тој контекст сакаме да направиме протокол, кои параметри треба да ги дадеме за да ги вратиме рестриктивните мерки таму каде што се собираат луѓе, кафеани, ресторани, ноќни клубови, трговски центри. Дали тоа ќе биде полициски час, затоа што преку ден децата ги нема, а навечер повторно се јавувааат тие гужви. Летово младите се повеќе активни, добро е што се надвор, не се внатре, но, есенскиот период ќе бидат внатре. Ќе видиме како ќе се одвива тоа. Факт е дека не се почитуваат мерките – вели Стојанов. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави