ДКСК ќе истражува дали Спасовски зема две плати

Премиерот Оливер Спасовски ем премиер, ем пратеник, што го нарушува начелото на поделба на власта на законодавна и извршна. До кога ова ќе трае, се зависи од формирањето на новата Влада, за која пак најверојатно ќе треба да почекаме.

Две функции, би значело и две плати за поединци кои станаа пратеници, а сè уште се и министри, пренесува телевизијата 21ТВ.

„Функцијата пратеник, член на совет и градоначалник е неспојлива со функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата, министер, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и со други носители на функции кои ги избира или именува Собранието и Владата.“, се вели во членот.

Но, за обезбедување на континуитет на работата на владата, тие, според член 93 став 5 од Уставот, остануваат министри до изборот на нова Влада.

„Во секој случај не смеат да добиваат две плати и не смее да имаат две функции , но затоа велам, ова се прашања многу важни многу битни кои што треба да час поскоро да бидат регулирани.“, вели Билјана Ивановска од Антикорупциска.

Моментално, судир има и во локалната самоуправа во Штип каде што градоначалникот стана пратеник, а веќе е и на листата за состав за нова Влада, како министер за транспорт и врски.

„За да се испочитува нашиот закон дека е несполива функцијата и да се испочитува изборниот законик произлегува дека не треба да бидат носители на листа или дел од листите за пратеници, за да не доаѓа до кршење, ако тие може да бидат дел од пратеничката листа тогаш треба да се регулира во кој момент ќе престане мандатот на министерот.“, изјави Ивановска.

Од Антикорупциска допрва ќе истражуваат за двојните плати на министрите кои станаа и пратеници, за што велат дека не смее тоа да се случи.

Во Уставот е предвидено дека “Владата на која и е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада“. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави