Доктор Серафимов: Зарем е логично да примиш попишувач дома, кога ни сопствените родители не ги примаш?

Во очи на форсиран попис, за коj веќе течат интензивни подготовки и во услови на четирицифрени бројки од новозаразени од КОВИД-19, логично е да се постави прашањето: Дали е потребен овој попис сега, во овој момент? Одговорот би бил – Да, потребен е, но НЕ СЕГА, пишува доктор Александар Серафимов на својот Фејсбук профил коментирајќи го планот на власта за оджување на попис во услови на четирицифрени бројки на новозаразени  за 24 часа.

„Ковидот зема повторен и посилен замав, вакцини нема, колективен имунитет нема…единствено има неспособност од оние што треба да нѐ штитат…и по Устав, и по морал… Повеќето земји го одложија пописот, токму поради пандемијата. Место да бројат граѓани и домаќинства, другите земји бројат вакцини и вакцинирано население…ние броиме гафови и скандали.

Зарем е логично да примиш човек дома, кога сопствените родители не ги примаш?! Народот ќе седи дома поради полициски час, а невакцинирани попишувачи ќе шетаат по домовите. Надвор од секоја памет.

Зарем не е подобро, прашува докторот, да се обезбедат вакцини, да се направат мерки за подобро справување со пандемијата и во блиска (се надевам) иднина, да се направи попис со сите нишани. Вака освен граѓани ќе броиме и кластери – во полициски часови“, пишува доктор Серафимов.

Total
0
Shares
Поврзани објави