Доктор Софијанова: И децата треба да се вакцинираат против Ковид-19

Д-р Аспазија Софијанова, педијатар и директор на Клиниката за детски болести за телевизијата Алфа вели дека вакцинирањето и на децата против Ковид-19 е добар чекор, за да можеме што поскоро да се ослободиме од опасниот вирус, посочувајќи дека вакцината на „Фајзер“ е безбедна и за помладите.

“Покрај тоа што децата се последни во случајот за вакцинирање сепак да не бидат изземени, бидејќи тие како носители на одредена варијација може да направат буквално нова мутација, која не верувам дека ќе не чини пак лесно”, вели Софијанова, која посочува дека интересот кај родителите да ги имунизираат децата е изненадувачки голем и таа смета дека вакцините кај помладите се особено важни и тие не смеат да бидат исклучени од процесот на имунизација.

“Јас морам да ви кажам дека во последниот период сум многу зачудена колку ме прашуваат и сакаат да знаат и сметам дека се должни да знаат што е најдоброто за нивните деца.

Сигурна сум дека ќе се раководиме според искуствата на нашите колеги кои имаат одредено знаење во врска со тоа…и одредени студии кои укажуваат дека сепак на крајот на денот не смееме да ја миноризираме оваа адолесцентна категорија”, вели Софијанова за Алфа.

Total
0
Shares
Поврзани објави