Докторка од Македонија со меѓународна награда за медицинско истражување : за ковид 19 и децата

Епидемијата со COVID-19 не застанува. Финалистката на International Medis Awards 2018, педијатар др. Николина Здравевска др. мед., од Скопје вели дека докторите и фармацевтите се целосно посветени на грижата кон пациентите, но истовремено ги анализираат и новите сознанија за COVID-19:

Ова се навистина тешки моменти за целиот свет и се надевам дека сега навистина сите ја сфатија важноста на истражувањата во медицината како во лабораторија така и во клиничката пракса. За среќа, кај нас на педијатрија е помирно, бидејќи децата полесно ја поминуваат инфекцијата со коронавирусот.

За барем малку да се оттргнам од оваа тешка ситуација, периодов интензивно се посветувам на резултатите од своето истражување кое е објавено во списание со висок импакт фактор.

Николина Здравеска е специјалист педијатар, доктор на медицински науки од Универзитетската клиника за детски болести, а од неодамна и горд добитник на значајната меѓународна награда за медицинско истражување од областа на педијатријата.

Станува збор за престижните интернационални „Medis Awards“ за медицински истражувања што годинава се одржаа во Националниот театар во Сараево. При доделување на наградите, во потесен избор се земаат доктори и фармацевти од Австрија, Словенија, Унгарија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.

Ова е петта година откако се доделуваат овие значајни награди од областа на медицината, а за прв пат имаше финалист од Македонија.

Доктор Здравеска беше наградена во областа педијатрија, која воедно беше медицинска област со најголем број апликации од сите земји – дури 40.

Престижната награда таа ја доби за нејзиното неверојатно истражување што се однесува на пациентите со конгенитален хипотироидизам, односно вродено пореметување на тироидната функција настанато било како резултат на нејзина недоразвиеност или нејзина нефункционалност.

повеќе детали за медицинските достигнувања на линкот

К.М.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Матична докторка избркала бремена жена со болно дете – немале пари и докумети кои им изгореле во пожар во кој загубиле две деца!

„Дали Хипократовата заклетва важи кога се во прашање Ромите од Шуто Оризари?!“ Здравјето е основно човеково право загарантирано…