Донесена Уредбата за изборите: Кампањата почнува на 24 јуни, гласањето ќе трае до 21 часот

Oткако беше постигнат договор за избори на 15 јули, а претседателот Стево Пендаровски синоќа прогласи вонредна состојба во траење од 8 дена, Владата доцна во ноќта ја донесе Уредбата поврзана со предвремените парламентарни избори.

Во неа е предвидено дека изборната кампања ќе започне на 24 јуни 2020 година и ќе трае 20 дена.

На 13 јули ќе гласаат заразените со ковид-19 кои се лекуваат дома и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација, а ден потоа – 14 јули ќе гласаат изнемоштени и болни лица. Гласањето на изборниот ден на 15 јули, пак, ќе трае од 7 часот наутро до 21 часот.

Како што беше најавено, за гласањето на заразените со ковид-19 ќе помагаат медицински лица.

Во општините во кои гласаат овие лица, во зависност од нивниот број, Државната изборна комисија формира еден или повеќе посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници кои го спроведуваат гласањето, при што политичките партии имаат право да именуваат член во посебниот избирачки одбор согласно член 38 ставовите 5 и 6 од Изборниот законик,

соопштија од Владата.

Со Уредбата се регулира и начинот на кој ќе се рекламираат партиите на радиодифузерите. Па така, во еден час телевизијата и радијата ќе може да емитуваат вкупно 14 минути политичко рекламирање. Од тие 14 минути, 6 минути ќе може да се одвојат за двете најголеми политички партии од власта кои на последните парламентарни избори освоиле најмногу гласови, исто толку и за двете најголеми опозициски партии. Преостанатите две минути се наменети за партиите кои не освоиле 5 пратеници за да формираат пратеничка група како и оние кои не беа дел од последниот парламентарен состав.

Задолженија за безбеден изборен процес со Уредбата доби и Министерството за здравство.

Се задолжува Министерството за здравство, според утврдените протоколи од Комисијата за заразни болести, за потребите на изборите, а по добиени податоци од Државната изборна комисија, да обезбеди заштитни маски, ракавици и друга потребна заштитна опрема за сите членови на изборните органи и средства за дезинфекција за секое избирачко место“,

соопштија од Владата.

Државниот завод за статистика е должен се задолжува да ги продолжи активностите за ажурирање на избирачкиот списот, исто како и Државната изборна комисија (ДИК).

МВР во рок од три дена е должно до ДИК да ги испрати податоците за државјаните кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или пасош, како и листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите. Податоци за ажурирање на избирачкиот список треба да достават и основните судови и Управата за водење на матичните книги, како и затворите.

Извор: Влада.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Поевтинуваат горивата

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98…