ДОСИЕ ЕКСКЛУЗИВНО ОТКРИВА : Расцепена глава на затвореник, друг се обесил, кој владее во Идризово?

Во затворот Идризово деновиве се случил голем инцидент кога на пијан затвореник со метална прачка му била расцепена главата. Случајот службите го регистрираат како самоповреда од удар во врата, но сепак нашите извори потенцираат дека албанското затворско крило на власт во Идризово неприкосновено владее врз македонските затвореници.

Според сознанијата на dosie.mk македонецот кој бил излезен на 7 часа се вратил во видно алкохолизирана состојба. Во неговата соба во меѓувреме бил префрлен наркозависник поради што затвореникот отишол кај командирот да се пожали. Но затворениците кои биле во близина слушнале два јаки удари. По кратко време затвореникот се појавил целиот крвав во главата.

Во отсуство на официјални одговори, во затворот има повеќе верзии за настанот од која една е дека наводно затвореникот бил удрен од друг затвореник албанец кој важи за шериф кој ги користи сите поволности кога сака, а никој не смее да го пипне и да му се спротивстави.

Командирот пак кој бил  на смена кога се случил инцидентот тврдел дека затвореникот се удрил од металната врата од собата која инаку е дрвена.

Бил однесен на преврска. Имало многу крв оти раната била голема. По преврската човекот бил ставен во самица. Управата во затворот се обидува да го затвори случајот со наводно самоповредување на затвореникот односно удирање од врата во чело, но раната на главата му е на средина на главата.

Исто така нејасно е зошто затвореникот кога се вратил алкохолизиран бил пуштен во соба наместо да биде во самица или во посебна соба оставен додека се отрезни со оглед дека и правилата во затворот налагаат алкохолизирани лица да не бидат пуштени меѓу другите затвореници. Оние кои го виделе велат дека човекот едвај стоел на нозе од тоа колку бил пијан , но не заслужил да му биде расцепена главата од локалните затворски шерифи.

За овој инцидент очекуваме одговор од Управата за извршување санкции од директорт Јовица Стојановиќ.

Во овој период се случил уште еден инциден за кој исто така чекаме одговор а тоа е бесење на еден од затвроениците во крило Д. Тоа е веднаш до Зграда , ама во затворениот дел од затворот. Таму според затворенците владее извесен Скендо преку кој се шират многу нелегални супстанци во затворот.

И за ова очекуваме реакција од Управата за извршување санкции со оглед дека Управата на затворот и главниот заповедник не успеваат да стават соодветен ред во институцијата.

фото: Д.Андоновски

 

Total
0
Shares
Поврзани објави