Дожд во вторник и среда, мал пад на температурите , УВ 10

Во вторник и во среда ќе има мало зголемување на облачноста а ќе пораснат и условите за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Температурите на воздухот особено во среда ќе бележат тенденција на мал пад кога ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени а ќе дува и умерен ветер од северозападен, во поголем дел од државава и од западен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.
Ќе има услови и за ретка појава на град.
Сепак и покрај ова ќе продолжи ЕКСТРЕМНИОТ УВ ИНДЕКС до 10.

извор : Славчо Попоски

Total
0
Shares
Поврзани објави