Др- Караџовски : Британскиот сој ги напаѓа лицата од 30 до 39 години: Нагло настануваат тешки мулти системски компликации

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, во гостувањето на Канал 5, во емисијата „Само вистина“, во однос на британскиот сој појасни дека сега тој во Македонија е доминантен и дека кај оние што се заразени во рок од најмногу три дена прави тешки компликации. Дури и периодот на инкубација е многу пократок. Рече дека ако кај првичната вухан варијанта, инкубацијата траеше до 14 дена, сега е само три до пет дена.

-Британскиот сој во првите 24 до 48 часа развива клиничка слика која е навидум лесна, меѓутоа воспаление на бели дробови и тешка компликација се прави за нецели три дена. Клиничката слика може да се појави нагло, во мал временски период со навидум лесни симптоми и со многу потешка компликација прво на белите дробови, но имаме и мултисистемско зафаќање од глава, срце, црн дроб, бубрези до оштетување на крвните садови. Значи мултисистемско зафаќање од „чудовиште”, рече д-р Караџовски во „Само вистина“.

Во однос на ова прашање, тој нагласи дека од британскиот сој најнападната е помладата популација на возраст од 30 до 39 години, пред се поради нивниот поактивен социјален живот.

– Младите од 30 до 39 години се доминантна група каде се шири вирусот бидејќи тие излегуваат од дома, се дружат, не ги почитуваат некаде мерките, и проблемот е во тоа што повеќето стануваат позитивни и вирусот го носат дома, истакна д-р Караџовски.

Што се однесува пак до хоспитализациите, повторно возрасната категорија од 30 до 39 години, како и над 60 во овој период е најбројна во ковид-центрите, додека пак се намалува бројот на хоспитализации на лицата од 40 до 50 години.

Total
0
Shares
Поврзани објави