Драган Вучиќ починал по компликации од коронавирус на Инфективна клиника

Познатиот македонски водител, пејач и композитор Драган Вучиќ почина денеска на 65 годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврдил синот, Мартин Вучиќ.

Како што јавуваат дел од медиумите, причина за смртта на Вучиќ е коронавирусот. Тој бил позитивен на Ковид-19 и хоспиталиран на Инфективната клиника во Скопје.

На Инфективната клиника, Вучиќ кој беше дијабетичар бил цела недела, со висока температура и со покачен шеќер. Од блиски на семејството Вучиќ, Женски магазин дознава дека позитивна на вирусот е и е неговата сопруга Весна, која за сега нема никакви симптоми.

По влошување на здравствената состојба, Вучиќ бил ставен на респираторна машина, но за жал, не ја доби битката со вирусот.

Познат е во јавноста по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и последната „Гурмански приказни“.

Фестивалот „Макфест“ на својата официјална Фејсбук страна во сеќавање на Вучиќ ја објави песната „Свирете ја зајди, зајди“ која тој ја има компонирано.

Total
0
Shares
Поврзани објави