Дукоски: Teлефонот на Боки не е вештачен, во него има многу фотографии и разговори

Aдвокатот Сашо Дукоски тврди дека три пати побарал да се вештачи телефонот на Бојан Јовановски,  но бил одбиени со образложение дека тие го извештачиле за потребите на обвинителниот акт и дека во тоа имале увид.

„Вистината е дека тој фамозен телефон никогаш не е вештачен, а особено не о вешто лице, вели адвокатот Дуковски во интервју за „Република“.

Тој објаснува дека и истражителот кој се самонарекува форензичар признал дека е без лиценца и оти не извршил вештачење туку анализирал само три слики.

„Во телефонот на Боки има многу работи кои би утврдиле поинаква фактичка состојба, фотографии и разговори. Мислам дека попрво Обвинителството ќе се сруши отколку да дозволи телефонот да се вештачи“ смета Дукоски.

Пандорината кутија што Боки ја најавуваше , Дукоски се надева дека ќе биде отворена доколку политичарите се појават како сведоци во суд.

„Ние не ги викаме за да правиме некое шоу или циркус. Ги викаме на конкретни околности дали знаат дали биле вкучени бидејќи тоа било проект од општ интерес.Тоа не е нешто што му текнало на Бојан Јовановски и реално тоа еден човек не може да го направи“, убедува Дуковски.

Во врска со случајот „Меѓународен сојуз“ Дукоски објаснува дека бизнисмените Мицевски и Амзовски до последен момент верувале во проектот на Јовановски за изградба на стари лица.

„Јавноста виде како Мицевски излегува од Обвинителството или вели дека не е измамен и оти верува во проектот. Подоцна му се прати финансиска контрола во неговите фирми и после неколку денови тој поднесува кривична пријава за измама и добива својство на оштетен и така тргнува овој предмет“, смета Дуковски. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави