Дури 40 илјади ученици ќе следат настава од телевизија!

На први октомври 40 илјади деца нема да ја започнат новата учебна година со учење од далечина. Лекции ќе мора да следат на телевизија, а државата материјали за учење ќе им достави дома.

Ова е дел од решенијата во националната платформа за учење од далечина што денеска ја претстави Министерството за образование. Министерката Царовска вели – периодот пред почетокот на школската година е премногу краток за да се обезбедат поинакви решенија за учење преку Интернет.

Таа рече дека е загрижена за состојбата во образованието, а за тоа ги обвини своите претходници во последните 15 години.

Националната платформа за учење од далечина му овозможува на ученикот да ги гледа училницата и наставникот преку телефон или компјутер и ќе може да ги користи сите аудио и видео-материјали поставени на платформата и да пишува домашни задачи.

На платформата се планираат квизови, тестови и друга иновативна содржина. Адаптирана е да работи на 5 јазици. За сите решенија учениците ќе можат да предложат подобрувања и промени.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави