Дурловски: Можеби ви се гадам , ама за тоа не може да ме осудите оти државата ми ја украде татковината

Доколку најдете доказ за какво било мое учество, планирање, намера да бидам дел од некакво сценарио за 27 април, осудете ме. Не барав амнестија затоа што сум смел, туку дека не сум виновен, кажа пред судијата Добрила кацарска оперскиот пејач Игор Дурловски на завршните зборови за крвавиот четврток.

Дурловски појасни дека на 27 април 2017 ја испеал химната на Република Македонија и заминал со неговиот син да гледа ракомет во спортската сала „Јане Сандански“. Откако видел на интернет дека граѓаните влегуваат во Собранието, Дурловски се вратил.

За делот од обвинението каде се вели дека држел потпалувачки говори тој кажа:

Колку што ова ме навредува, колку што сакам на цел глас да викнам дека се лаги и измислици и колку е непоимливо, гротескно она што го говорат за мене дека ме плаќаат да протестирам, во името на правдата, а не на мојата повредена личност, ве замолувам да се прашате дали сум имал намера или водел разговори за насилство на 27 април. Дури и да сум најнеморалната личност, дека сум измамувал десетици илјади луѓе, прашајте се дали постои 1 доказ дека сум знаел што ќе се случува на 27 април. Јас верував и сè уште верувам во кауза. Се плашев за иднината на мојата земја и сè уште се плашам дека државата ми ја украде татковината. Може да ви се гадам, но не може поради тоа да ме осудите, рече Дурловски.

Total
0
Shares
Поврзани објави