Двајца мртви – изрешетани со калашников додека седеле во автомобил

Двајца мртви по пукотниците кои утринава се случиле во скопската населба Топанско Поле, дознава „А1он“. Целата населба е затворена од страна на полициски екипи, а на лице место е излезен обвинител и се врши увид на местото на несреќата.

Според првичните неофицијални информации, настанот се случил околу 3 часот утринава, кога напаѓачите излегле од возило и со пиштол и со автоматска пушка ‘калашников’ пукале во две лица кои седеле во паркирано возило.

Засега се непознати причините и мотивот за убиството на двете лица.

На лице место има многубројни полициски екипи и соседи кои биле сведоци на настанот, а некаде пред 5 часот изутрината пристигна и обвинител за да изврши увид.

Идентитетот на напаѓачите е непознат и тие се во бегство.

Повеќе информации за случајот се очекуваат во текот на денешниот ден.

извор: a1on.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави