Двајца повредени пожарникари во пожарот во гостиварко

При гаснење на пожарот во Долна Бањица гостиварско синоќа биле повредени двајца пожарникари. Тие се од гостиварската противпожарна бригада. Учествуваа во гаснење на огромен пожар кој прво зафати фабрика за мебел а птоа се прошири на друг објект. На пожарникарите им помагаа колеги од соседните градови. Пожарот е локализиран и изгаснат околу 6 часот изутринава по целовечерна борба на пожарникарите да не зафати и други објекти.

Total
0
Shares
Поврзани објави