Двајца полицајци кои не биле на должност претепани во Шутка

Вечерва полицијата и официјално потврди дека во скопската населба Шуто Оризари се случил тежок инцидент во кој три лица од кои двајца полицајци се повредени. Еден од повредените е со потешки повреди. Полицајците биле претепани оти поголема група граѓани мислеле дека се киднапери на деца односно дека се обидуваат да грабнат девојче со комбе.

Околу 17 часот на ул. Индира Ганди во Шуто Оризари малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Таа тоа му го кажала на возрасен маж, кој пријавил во полиција. Се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од ПС Чаир, кои не биле на работа. Насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување на лекарска помош. До овој момент нема пријава за исчезната девојка од ниту едно семејство – информира  МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави