Две жени и маж од исто познато семејство од Арачиново загинаа во сообраќајка

Тројца луѓе од селото Арачиново, сите од исто семејство, загинаа во несреќата на железничката станица Куманово-Романовце. Четвртиот кој бил во автомобилот се спасил оти успеал на време да излезе.
Возот удрил во автомобил голф во кој биле братот на Исуф Бислими кандидат од ДУИ , сопругата на братот и нивната мајка. Исуф успеал да се спаси.
– Дошле да изразат сочувство на нивни блиски и возот ги удрил на враќање. Поставени се камери за да видат како возот убива луѓе. Ние побаравме рампи, а не камери”, револтирани се жителите на село Романовце.
На местото на несреќата јавен обвинител и полиција вршат увид, а сообраќајот на патот е блокиран.

фото : tv21.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ИСЧЕЗНАТ !

Исчезнато е  Горан Атанасовски од Скопје. Истиот има 35 години. Последнни информации кои ги има семејството е дека…