Џафери го донесе внукот во Собрание

Спикерот Талат Џафери денеска во Парламентот го донел внукот Фрашер. На Фејсбук Џафери објави слика како го држи во раце неговиот внук во кабинетот.

Во кратката порака тој вели дека децата се иднината, а одговорноста е наша да се оствари таа цел.

„Децата се иднината, огромна е одговорноста да се работи за подобра иднина на генерациите кои доаѓаат. Денес го имам Фрашер во прегратка, за кратко време ќе го ставам на раменици за да ги види и достигне висините кои му ги нуди светот“, напиша Џафери.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Издржи бато !

Еве од колку сме заедно и некој ќе ми каже без секирации се ќе помине, да ќе помине…