Џафери го потпиша решението за распишување избори

Претседателот на Собранието синоќа го потпишал Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори на 15 јули 2020 година, соопштија од Собранието.

Како што се наведува во соопштението:

Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15-ти јули 2020 година го потпишав синоќа и истото е архивирано и пратено до Државната Изборна Комисија, до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот, се вели меѓу другото во соопштението.

Total
0
Shares
Поврзани објави