Џафери не свикува итна седница за мерките против пандемијата оти опозицијата се мајтапи

Спикерот на Собранието Талат Џафери нема да закаже итна седница, на која треба да се изгласат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Џафери вели дека владините мерки за корона пандемијата ќе се донесат на седница, која е закажана следната недела на 27 октомври.

Ваквата реакција на Џафери е поради тактизирањето на опозицијата, која прво побара да се одложи расправата за Законот за заштита на населението од заразни болеста, а сега инсистира на истна седница. 

Тие побара матичната комисија да закаже седница и да се расправаат евентуалните амандмани. 

Власта вчера го одби предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не владата, туку независна Комисија од стручни лица изгласана од Собрание да носи задолжителни мерки.

Во име на здравјето на граѓаните, опозицијата побараа да се свика итна седница на која тие ќе го обезбедат кворумот за да може власта да ги изгласа владините мерки.

Total
0
Shares
Поврзани објави