Џафери се фали дека го подобрил имиџот на Собанието

Спикерот на Собранието Талат Џафери се фали дека постигнале многу во подобрување на имиџот на законодавниот дом во очите на граѓаните, а потврда за тоа бил Извештај на Европската комисија, кој нотирал напредок во спроведувањето на Стратешкиот план 2018 -2022.

Џафери вели дека и покрај состојбата со Ковид -19, Собранието се обидува да биде транспарентно и да обезбеди информации за граѓаните.

„Заедно работиме на нова собраниска веб страница, ново собраниско студио, со цел да се овозможи подобар проток на информации за граѓаните, следствено и нивно поголемо учество во собраниските активности, во законодавниот процес“, нагласи Џафери на виртуелна конференција за Отворен Парламент.

Тој смета дека измените на Законот за Собрание и функционална анализа, ќе овозможат максимално искористување на постојните капацитети за да се подобри работата на институцијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави