Еден поздрав во судница : Бошкоски вели Мијалков сака да му се извини, вториот тврди тоа беше бон тон

Во судската сала Сашо Мијалков и Љубе Бошкоски денеска се сретнаа и поздравија. Нивното ракување Бошкоски го презентира на јавноста како обид на Мијалков да му се извини и дека тој сега е во ситуација од еден од најмоќните луѓе во државата да се спасува од правда и судски постапки. Но кусо по изјавата на Бошкоски реплицира и Мијалков, кој појасни дека неговото однесување не е извинување туку учтиво однесување односно добар бон тон.
Судењето во кое Мијаклов е обвинет за нечовечко постапување при пасење на Љубе Бошкоски за случајот Кампања , е одложено поради отсуство на еден обвинет кој е е на отворено боледување. Овој предмет СЈО го води како случај Тортура.

позајмено фото: makedonija365.com

Total
0
Shares
Поврзани објави