Една година потоа, славната Катица осудена за рекет, уште е дома

Една година помина откако полицијата по налог на Јавното обвинителство влезе во домот на Катица Јанева и ја приведе. Тоа беше 21 август 2019 година, ден чиј исход и се навестуваше. Претходниот ден таа се појави во обвинителството да даде исказ за случајот Рекет. Дотогаш во аферата нејзиното име само се споменуваше, а нејзиниот глас се појави и на снимките кои ги објави италијанскиот весник Ла Верита, поврзани со аферата Рекет.

Тој августовски ден, Бојан Јовановски – Боки 13, првообвинетиот и осуден во случајот веќе беше во притвор.Тогаш паднаа многу надежи кои се гаеја околи личноста Катица Јанева. Сега таа е осудено лице. За случајот доби седумгодишна затворска казна за злоупотреба на службена положба и овластување чие извршување уште го чека дома, затоа што одлуката не е правосилна.

Специјалното јавно обвинителство предводено од Катица Јанева и претходно пред август веќе западна во длабоки компромитации и голем пад на рејтингот, за пикот на се да биде нејзината (не)очекувана оставка и евентуалната поврзаност со рекет.

Јанева уште тврдеше дека е невина, но судот пресуди поинаку. Веќе не постои ни СЈО, митот пропадна, пропаднаа ли надежите дека нешто ќе се смени во државава?

Обвинителката Вилма Рускоска во текот на завршните зборови рече дека Јанева уште е во филмот на Чарлиевите ангели. 

Титаник 1, Титаник 2, Титаник 3, Транспортер, Таргет/Тврдина, ТНТ, Тортура, Тврдина 2, Насилство во општина Центар, Трезор, Топлик, Тендери, Шпион, Тарифа, Тенк, Труст, Табла, Триста, Тотал, Тифани, Траекторија, Тревник, Талир 1, Талир 2, Маџар Телеком, се предметите за кои има или имало обвиненија и судски рочишта.

Во фаза на истрага беа се предметите Рентген, Продуцент, Транспортер 2, Тарифа 2, Странски служби, Друмарина, Лидери, Актор, Попис, Моќник, Дизајн, Монструм, Поштенска Банка, Пропаганда, Империја, Хармонија, Базни станици, Пациент и Подарок.

Дел од обвинителите од СЈО веќе се распределени во други обвинителства во државата. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Заев: Снимките се веројатно разговори опозицијата од албанскиот блок на партии, кога се убедувавме и објаснувавме со групата од осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ зошто е важно да се донесе Законот за јавно обвинителство

Press24: Зошто беше толку важно носењето на овој Закон, опозицијата во него препознава обид за заштита на актуелните…