Екс директорот на “Градски пазар” Охрид не вратил два службени мобилни телефони

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „проневера во службата“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Т.К. (39) од Охрид.
Пријавениот во текот на април 2016 година во својство на одговорно лице, директор на Јавното претпријатие „Градски пазар“ Охрид, склучил договор за телекомуникациски услуги со правното лице „Оне Вип“ ДОО Скопје, според кој, му била доделена субвенција за набавка на пет мобилни телефони марка „Samsung Galaxy“ во вкупен износ од 129.000 денари. Тој, како одговорно лице на Јавното претпријатие, телефоните не ги прикажал во материјалното сметководство и во пописните листи, иако, бил должен да ги прикаже како средства на Јавното претпријатие.
По разрешување од функцијата директор на Јавното претпријатие, сега пријавениот бил должен да ги раздолжи сите предмети доверени во службата меѓу кои и мобилните телефонски апарати. Тој, тоа не го направил и противправно присвоил два мобилни телефони „Samsung Galaxy S7 Edge“ и „Samsung Galaxy А5“ во вкупна вредност од 71.998 денари, со што предизвикал штета за Јавното претпријатие.

#соопштение МВР

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Поевтинуваат горивата

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98…